Украина истражува 26.000 случаи на можни воени злосторства од почетокот на руската инвазија

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Украина истражува речиси 26.000 случаи на можни воени злосторства извршени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари и покрена обвиненија за 135 лица, изјави Јуриј Белоусов, шеф на одделот за воени злосторства на Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

Од вкупниот број обвинети, околу 15 се во украински притвор, а останатите 120 се на слобода, изјави Белоусов во интервју за „Ројтерс“.

До судовите се предадени 13 предмети, а донесени се седум пресуди, додаде тој.

Слични содржини