Украина итно се огласи за терористите од Москва: Обвинувањата дека се упатиле кон границата значат само едно

од Симе Стоиков
755 прегледи

Украинската воена разузнавачка служба ги отфрли наводите на руската ФСБ дека терористи од Москва имале контакти во Украина.

Федералната служба за безбедност, да потсетиме, претходно објави соопштение во кое тврди дека терористите, кои учествувале во нападот на московски Крокус, планирале да ја преминат границата со Украина и дека имале контакти на украинска страна.

Украина ги нарече обвинувањата „апсурдни“.

Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов за Би-Би-Си изјави дека пограничната област со Украина е полна со специјални служби и војска.

„Идејата дека осомничените би сакале да одат во Украина би значеле дека биле глупави или самоубиствени“, рече тој.

Украинското воено разузнавање синоќа тврдеше дека целиот напад бил планирана операција на Москва, за да се обвини Украина – да ескалира војната – и да се добие поддршка за мобилизирање на (неволното) население да се бори.