Украина: Изјавата на Унгарија дека е подготвена да го плаќа рускиот гас во рубљи е непријателски чин

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Украинското Министерство за надворешни работи утринава соопшти дека ја смета изјавата на Унгарија дека е подготвена да го плаќа рускиот гас во рубљи за „непријателски чин“.

Украинската дипломатија, исто така, вели дека ставот на Унгарија за наводните руски злосторства го зајакнува руското чувство на неказнивост и ја охрабрува Русија да изврши нови злосторства против Украинците.

– Ако Унгарија навистина сака да помогне да се стави крај на војната, еве како да го направи тоа: да се запре уништувањето на единството на ЕУ, да се поддржат санкциите против Русија, да се обезбеди воена помош за Украина и да не се создаваат дополнителни извори на финансирање за руската воена машина. Никогаш не е доцна да се застане на вистинската страна на историјата, рече тој.

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто потврди дека горивото за унгарските нуклеарни централи пристигнало по воздушен пат од Русија.

Руската инвазија на Украина ја отежна испораката по железници.

Тој повтори дека Унгарија не го поддржува предлогот за енергетски санкции против Русија и додаде дека наметнувањето какви било санкции поврзани со нуклеарната енергија, исто така, ќе биде „црвена линија“ за Унгарија.

Слични содржини