Украина ја менува праксата за регрутирање со цел подобро да ги искористи капацитетите

од Radmila Tasevska
251 прегледи

Украинската влада најави промена во праксата за регрутирање со цел подобро да ги искористи човечките ресурси, изјави секретарот на украинскиот Совет за безбедност.

Промените кои треба да помогнат во одржувањето на борбениот потенцијал на Киев по речиси две години војна со Русија, кои се очекува да бидат објавени оваа недела, ќе вклучуваат користење и комерцијални компании за регрутирање, објави Гардијан.

– Некои луѓе се исплашени, се плашат да не загинат, се плашат да пукаат, што не значи дека не можат да бидат вклучени во други активности, изјави за „Гардијан“ Олексеј Данилов, секретар на Советот за безбедност на Украина и истакна дека Украина „сега има нов министер со нов пристап“.

Данилов рече дека армијата ќе соработува со две од најголемите украински компании за регрутирање „со цел да ги идентификува луѓето со специфични вештини и да ги предомисли вештите Украинци кои сакаат да и помогнат на армијата, но не сакаа да одат на фронтот, да не избегнуваат регрутација“.

Слични содржини