Шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко, во интервју објавено во понеделник за „Укринформ“ изјави дека Киев потврдил дека Кина била во контакт со 20 руски фабрики.
„Постојат информации дека Кина испорачува машини, специјални хемикалии, барут и компоненти специјално за воени претпријатија… До почетокот на 2025 година, 80% од критичната електроника за руските беспилотни летала ќе биде од кинеско потекло“, прокоментира тој.
Зборувајќи за способноста на Русија да ја продолжи војната, Иванченко истакна дека парите на земјата се „топат“. Тој изјавил дека Русија имала 2.300 тони злато пред инвазијата на Украина, а таа бројка сега се намалила на 1.700 тони, пренесе Teletrader.
„Имаше и 164 милијарди кинески јуани. И овие резерви исто така постепено се намалуваат. Вкупно, вишокот на руските воени трошоци достигна 5 милијарди долари во последните три месеци. За нивната економија, ова е доста значајно“, рече тој.