Украина ќе ја врати контролата врз Крим, вети Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска вети повторно воспоставување на украинската власт над Крим, потег што тој вели дека ќе помогне да се обнови воспоставувањето на „светскиот ред и закон“.

Тој на меѓународната конференција за Крим рече дека враќањето на украинската контрола врз полуостровот, кој Русија го анектираше во 2014 година, ќе биде „најголем антивоен чекор“, пренесе „Ројтерс“.

„Сè започна на Крим и ќе заврши на Крим“, рече украинскиот претседател.

Слични содржини