Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша указ за прослава на 100-годишниот јубилеј од победата на украинската војска над армијата на Руската империја во битката во планината Маковка во Лвовска област, пишува Утро.ру.
Празнувањата ќе бидат со целата јавност со “цел да се слави машкоста и херојството на борците за независност на Украина, нивната важна улога во Украинската револуција од 1917-1921 година “, се вели во специјално издадениот декрет. Празничните настани ќе се одржат во Киев, Лавов и други градови.
