Украина: Кремљ е исцрпен, затоа Путин испрати моќник во Иран да набави дронови

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Николај Патрушев, претседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најмоќните сојузници на претседателот Владимир Путин, вчера пристигна во Иран. Американскиот одбранбен и безбедносен think tank Институт за проучување на војната (ISW) објави дека Патрушев најверојатно ќе се обиде да договори набавка на балистички ракети, кои на Русија ѝ се потребни за војната во Украина.

Советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михајло Подољак, на Твитер го коментираше денешното заминување на Патрушев во Техеран.

„Кремљ е исцрпен. Ресурсите на Руската Федерација се при крај. Затоа имаат хистерични барања за пауза („преговори“). Оттука и посетата на Патрушев на Техеран: тие бараат начини да ја продолжат војната, да набават проектили/дронови, да се реши проблемот со недостигот на ракети. Сега е совршен момент да се удвои помошта за Украина“, објави Подољак.

Слични содржини