Украина: Најмалку 12 цивили загинаа во гранатирање на регионот Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Најмалку девет цивили загинаа денеска во руското гранатирање на областа Доњецк, објави гувернерот на тој регион Павло Кириленко.

Кириленко напиша на Телеграм дека најмалку тројца цивили загинале за време на бомбардирањето на градот Авдијивка, тројца во гранатирањето на Угледара и уште тројца во гранатирањето на градот Лиман, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски соопшти дека областите на Доњецк се под постојан оган и дека регионалните власти се обидуваат да ги евакуираат цивилите од борбената зона.

Слични содржини