Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека го предал вториот дел од официјалниот прашалник за добивање кандидатура за членство во Европската унија преку онлајн-разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
-Мислам дека овие одговори се мала победа за нашиот тим. Очекуваме разгледување и заклучоци на Европската комисија. Би сакал овие заклучоци да бидат позитивни. И би сакал благодарение на вас побрзо да се дојде до овие заклучоци, изјавил Зеленски.
-Обично се потребни месеци. Но, ние го завршивме за неколку недели.Урсула фон дер Лајен посочи дека Европската комисија ќе работи напорно за да го ревидира пополнетиот прашалник поднесен од Украина за да донесе одлука во јуни оваа година, се вели во соопштението од Кабинетот на Зеленски.