Украинската страна не дозволува населението да ја напушти борбената зона преку хуманитарни коридори, изјави портпаролот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин.
Басурин изјави дека проектилот на тактичкиот ракетен комплекс „Точка-У“, кој вооружените сили на Украина го истрелале врз Доњецк, бил уништен од силите за противвоздушна одбрана на Народна Република Доњецк.
Според него, во досегашните артилериски напади на украинската армија се ранети 11 лица, а четворица се убиени.
„Веќе не двајца мртви, туку четворица. Имаме единаесет ранети, меѓу кои и вработен во Министерството за вонредни состојби“, изјави Басурин за ТВ каналот „Русија 1“.
Тој напомена дека во градот Докучаевск, јужно од Доњецк, гранати ги погодиле зградите на основното и музичкото училиште.
Русија во четвртокот наутро започна специјална воена операција за демилитаризација и денационализација на Украина.
Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го положат оружјето и да си одат дома.