Украина не може да гарантира безбедност на тимот на ОН во нуклеарната централа

од Nikola Popovski
195 прегледи

Украина не може да ја гарантира безбедноста на тимот инспектори на ОН кои денеска пристигнаа во нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Ситуацијата околу нуклеарната централа под контрола на руските сили останува „во хаос“, изјави Халушченко за Си-Ен-Ен во Новоалександровица, регионот Запорожје, додека ја придружуваше делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија, која потоа влезе на контролираната територија на Русија.

Халушченко рече дека му рекол на генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси дека безбедноста на мисијата е „негова одговорност“, додавајќи дека Гроси изгледал „уверен дека може да го преземе тој ризик“.

„Украина ги исполни сите меѓународни обврски и дозволи да дојде мисијата“, рече министерот, додавајќи дека, според неговото разбирање, мисијата на МААЕ „има некаков безбедносен договор со Русите“.

Слични содржини