217
Украина не може да извезе околу 90 милиони тони земјоделски производи бидејќи Русија ги блокира пристаништата, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Тој за „РБЦ-Украина“ укажал дека тоа може да доведе до глобална криза со храна. Шмихал навел дека кризата не е предизвикана од санкциите против Русија, туку од активностите на Русија за блокирање на украинските пристаништа, пренесува „Укринформ“.
70 отсто од овој извоз на украински земјоделски производи минуваше преку украинските пристаништа блокирани од руските сили.