Украинските вооружени сили го зголемуваат своето присуство долж линијата на фронтот, но се уште не успеале да влезат во регионот на Херсон, изјави денеска за телевизискиот канал „Соловјев лајв“ Кирил Стремусов, заменик-шеф на локалната проруска воено-цивилна администрација.
„Постојано ги зајакнуваат своите сили, но би сакал повторно да нагласам дека секогаш кога патувам за Кисељивка тоа се објавува на Интернет. Регионот Херсон остана во нејзините граници. Никој не навлегол во Сухоја Ставок, ниту во Давидов Брод, ниту во Кисељивка, како што пишувале, тоа е едноставно спротивно на фактите“, тврди Стремусов, пренесува ТАСС.
Во средината на март руското министерство за одбрана објави дека Херсонската област е целосно под контрола на руските трупи и дека на крајот на април е формирана воено-цивилна администрација за управување со регионот.