Украина негира дека Русите го презеле Соледар: „Се водат жестоки борби“

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Украинската војска денеска негираше дека руските сили ја презеле контролата врз источниот град Соледар и рече дека интензитетот на борбите во областа може да се спореди со оној од Втората светска војна.

Портпаролот на Источната воена команда Сергиј Черевати за украинската телевизија изјави дека битката за Соледар е важна и дека украинските сили не дозволиле руските сили да ги пробијат линиите на фронтот, пренесува „Ројтерс“.

„Градот не е под контрола на Руската Федерација. Се водат жестоки борби. Ситуацијата таму е комплицирана“, рече тој.

Слични содржини