Украина: Ниту еден цивил не го напушти опколениот град Мариупол

од Nikola Popovski
187 прегледи

Ниту еден цивил денеска не можеше да го напушти опколениот украински град Мариупол, бидејќи руските сили не го почитуваа привремениот прекин на огнот за да се овозможи евакуација, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на националната телевизија, пренесува Ројтерс.

Меѓународниот Црвен крст ги опиша тешките услови во Мариупол. Има информации дека залихите со храна и вода достигнуваат опасно ниско ниво, вели Саша Волков, шеф на делегацијата на таа организација во градот.

Во аудио порака снимена во средата, Волков рече дека многу семејства останале без храна. Тој додава дека, иако во Мариупол се појавил „некаков црн пазар со зеленчук“, не е можно да се најде месо или нешто слично, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини