136
Нуклеарната централа во Запорожје, која беше гранатирана за време на викендот, работи „во нормален режим“, изјави денеска шефот на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, Евгениј Балицки, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на „Интерфакс“.
„Имаме информации од армијата и претставниците на рускиот Росатом, кои се тука и само ја набљудуваат ситуацијата. Имаме информации од нив дека сè функционира во нормален режим“, рече Балицки.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје во текот на викендот.