Нуклеарната централа Запорожје денеска продолжи да ја снабдува Украина со електрична енергија, бидејќи сите шест нејзини реактори беа повторно приклучени на украинската мрежа, соопшти украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“.
„Нуклеарната централа Запорожје е поврзана со мрежата и произведува електрична енергија за потребите на Украина“, се вели во соопштението на „Енергоатом“, пренесува „Ројтерс“.
Најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина и е под контрола на руските сили, беше исклучена од украинската мрежа поради оштетување на далноводите при гранатирање.