Украина очајно се обидува да докаже дека не е Грција

од Vladimir Zorba
82 прегледи

За време на посетата на Вашингтон украинските чиновници се трудеа да докажат и да се разбере дека Украина не е Грција, пишува BuzzFeed.20150716.qxamuesgjw

“Грција деновиве ја” убедија “да спроведе реформи, додека Украина веќе има план” – изјавил зам.шефот на претседателската администрација Дмитриј Шимкив. Според министерот за финансии Наталја Јареско, Киев има специјални односи со ММФ – “односи на соработка и поддршка”. Јареско изјавила дека Украина спроведува сопствена “многу сложена програма за реформи” и соработува со ММФ и Светската банка, за да бидат реформите придружени со финансиска помош.

Истовремено со тоа аналитичарите стравуваат дека економските проблеми на Украина, како и на Грција, не се ограничени од обичен недостаток на пари.Украинската економија се намалува, инфлацијата расте и владата води тешки преговори со кредиторите. Според потпретседателот на Фондацијата “Карнеги” Ендрју Вајс, водечките западни политичари сега оценуваат дали Украинците во блиско време ќе можат да продолжат со реформите.

“Има декларации за приврзаност кон реформите , некои важни чекори беа направени. Постои сепак разлика помеѓу фундаменталните реформи и исполнувањето на условите за добивање на дополнителни средства од ММФ. Овој збор за сега стои отворен “- истакна Самуел Чарап, експерт од Меѓународниот институт за стратешки истражувања.