Украина официјално поднесе барање за членство во НАТО

од Nikola Popovski
155 прегледи

Украина официјално поднесе барање за членство во НАТО, пренесува АФП.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина е де факто дел од НАТО алијансата.

– Денеска Украина аплицира тоа да биде де јуре… Го правиме нашиот одлучувачки чекор потпишувајќи ја апликацијата на Украина за забрзан пристап во НАТО – истакна Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „подготвен за дијалог“ со Русија, но дека тоа ќе биде „невозможно“ под водство на актуелниот претседател Владимир Путин.

„Украина беше и останува лидер во преговарачките напори. Нашата земја беше таа која секогаш ѝ нудеше на Русија да постигне договор за соживот под еднакви, фер, пристојни и фер услови“, рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесе Гардијан.