Украина побара итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд, се вели во изјавата на нејзината директорка Кристалина Георгиева по состанокот на бордот на фондот, пренесоа светските агенции.
„Ги разгледуваме сите опции за дополнителна финансиска поддршка, вклучително и во рамките на програмата за помош од 2,2 милијарди американски долари, која треба да се реализира до јуни“, рече Георгиева, додавајќи дека украинските власти исто така побарале итно финансирање од ММФ.
Таа нагласува дека фондот располага со голем број алатки и во текот на ситуацијата во Украина, фондот ќе продолжи да разговара со властите како најдобро да им помогне. Георгиева напомена дека во тек е обезбедување политички совети за Украина.
Шефот на ММФ појасни дека се сретнала со одборot на директори за да направи првична проценка на моменталната ситуација и ги уверила своите членови дека персоналот на фондот ќе продолжи тесно да соработува со властите за да ја поддржи Украина на сите можни начини.
ММФ ќе продолжи да работи со Светската банка и другите партнери за најдобро да ја координира поддршката и помошта за Украина, додаде Георгиева.