Украина и уште седум други земји кои не се членки на НАТО денеска беа поканети да учествуваат на министерскиот состанок на Алијансата, кој треба да се одржи на 7. април.
Северноатлантскиот совет ќе се состане на 6 и 7 април, а поканата за втората седница на вториот ден е испратена до министрите за надворешни работи на Австралија, Финска, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Шведска и Украина.
На седницата на Северноатлантскиот совет бил поканет и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.