157
Украина во Истанбул потпиша договор за извоз на жито со Турција и ОН, пренесе украинската „Страна“.
„Украина, Турција и ОН потпишаа договор за извоз на жито. Документот го потпишаа министерот за инфраструктура на Украина Олександар Кубраков, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш“, се наведува на Телеграм профилот на украинскиот портал, пренесува РИА Новости.
Русија треба да го потпише истиот документ со Турција и ОН, поради што во Истанбул пристигна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.