Украина преговара со Турција и ОН за гаранции за извоз на жито

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Украина води разговори со Турција и Обединетите нации (ОН) со цел да обезбеди гаранции за извоз на жито од украинските пристаништа, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Сега се водат разговори со Турција и ОН за безбедноста на житарките што ги напуштаат нашите пристаништа“, рече Зеленски на прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон, пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател истакна дека е многу важно некој, освен Русија, на која Киев не ѝ верува, да ја гарантира безбедноста на бродовите што превезуваат жито во одредена земја.

Слични содржини