Украина престана да извезува струја во ЕУ, уништено 40 отсто од инфраструктурата

од Nikola Popovski
125 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот се сретна со Кадри Симсон, комесарот за енергетика на Европската унија, со кого, меѓу другото, разговараше и за фактот дека Украина беше принудена да престане да извезува електрична енергија во Европа.

„Сигурен сум дека ќе вратиме се, во помирно време, кога ќе се стабилизира состојбата во нашиот енергетски систем, ќе продолжиме да извезуваме струја во Европа“, рече Зеленски.

Тој рече дека руските сили „сериозно оштетиле“ околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина, особено термоцентралите и хидроцентралите, во масовен напад со проектили и беспилотни летала.

Слични содржини