229
Првиот товарен брод, од рускиот напад на Украина, пристигна во украинското црноморско пристаниште Черноморск и е подготвен за товарење, соопшти денеска украинското министерство за инфраструктура.
„Товарниот брод ФУЛМАР С пристигна во пристаништето Черноморск и е подготвен за товарење“, објави Министерството на Фејсбук, пренесе „Ројтерс“.
Украинскиот министер за инфраструктура, Олександар Кубраков, претходно денеска изјави дека вториот конвој бродови со украински земјоделски производи испловил од украинските пристаништа на Црното Море, како дел од договорот за деблокирање на украинскиот прекуокеански извоз.