Украина: Путин ќе нападне и земји од НАТО

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Советникот на претседателот на Украина, Сергеј Лешченко е убеден дека Русија ќе ги нападне и земјите членки на НАТО.

„Путин ќе ги нападне земјите од НАТО за да покаже дека глобалните институции се слаби. Полска и другите соседи треба да бидат предупредени за она што се случува во Украина“, рече Лешченко во изјава за виенскиот дневен весник „Prese“.

Советникот на Зеленски смета дека целта на претседателот на Русија не е само да ја избрише Украина од мапата, туку и да го уништи глобалниот поредок.