150
Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, денеска изјави дека Русија е виновна за сите „инциденти со проектили“ откако започнала инвазија на неговата земја.
Ова го изјави Подољак коментирајќи го падот на ракетите во Полска.
„Според мене, овде треба да се занимаваме само со една логика. Војната ја започна и ја води Русија. Русија масовно ја напаѓа Украина со крстосувачки ракети“, рече Подољак, пренесе „Ројтерс“.
„Русија го претвори источниот дел на европскиот континент во непредвидливо бојно поле. Намерата, средствата за егзекуција, ризиците, ескалацијата – сето тоа е само Русија. И не може да има друго објаснување за било какви инциденти со проектили“, изјави Подољак.