175
Низ Украина утрово беше издадено предупредување за воздушен напад, а граѓаните беа повикани да останат во засолништа.
Шефот на кабинетот на претседателот Андреј Јермак објави дека првите руски ракети биле соборени над територијата на Украина, пренесуваат украинските медиуми.
Поради закана од ракетен напад, вонредни прекини на електричната енергија имало во регионите Киев, Одеса и Днепропетровск, пренесува Интерфакс Украина.
Шефот на регионот на Миколаев, Виталиј Ким, објави дека две ракети го надлетуваат тој регион кон северозапад.
Воздушната одбрана е активна во Дњепропетровск, Виничката и Киевската област, а експлозии се слушаат во Одеса, наведува Униан.