Украина: Русија не сака преговори, Путин да се врати во реалноста

од Radmila Tasevska
113 прегледи

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денес го повика рускиот претседател Владимир Путин „да се врати во реалноста“ и оцени дека Москва не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност.

Подољак, откако Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите учесници во процесот во Украина за прифатливи резултати, на Твитер изјави дека „Русија сама ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“.

„Русија не сака преговори, туку се обидува да ја избегне одговорноста“, тврди Подољак.