Украина денеска ја обвини Русија за бомбардирање на училиште во областа Луганск во источна Украина, во кое наводно имало 90 лица во моментот на нападот. Две лица наводно загинале, додека околу 60 се уште се под урнатини.
„Две лица загинаа во руското бомбардирање на училиште во украинското село Билохоривка, а се стравува дека 60 од нив, кои останаа под урнатините, се мртви“, изјави денеска гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај, цитиран од Ројтерс.
Украинскиот функционер во Телеграм сподели дека руски авион наводно фрлил бомба во саботата попладне во училиште во кое се засолниле околу 90 луѓе и дека досега се спасени 30 од нив, од кои седум се повредени, пренесува британската агенција. .
Официјална Москва се уште не се огласи во оваа прилика.