212
Украинската разузнавачка служба тврди дека Русија ги гранатира јамите за пепел на нуклеарната централа Запорожје со цел да подигне облаци од радиоактивна прашина, пишува „Гардијан“.
Како што е објавено на каналот на Телеграм на службата, руските минофрлачки напади врз предградијата на Енергодар се насочени кон јамите за складирање на пепел, која се создава за време на работата на нуклеарната централа.
Нагласено е дека оваа прашина има висока концентрација на токсични материи и ниво на радијација, кое е најмалку 2,5 пати поголемо од природното и дека поради ветерот може да достигне голема далечина.