УКРАИНА: Русија ја навлекува цела Европа на „гасен хероин“

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Земјите од ЕУ би можеле да го следат примерот на Унгарија и да потпишат договори со Русија за испорака на гас, заобиколувајќи ја Украина, рече членката на Врховната рада на Украина, Софија Федина, предупредувајќи дека Москва „ја навлекува цела Европа на гасен хероин“.

Според неа, Москва ги „уценувала европските земји“ со цел да ги натера да бараат поевтин снабдувач со гас, бидејќи сегашната цена на „синото гориво“ е неприфатливо висока за европскиот пазар. Таа како пример ја наведе ситуацијата со договорот помеѓу „Гаспром“ и Будимпешта.

– Денес Унгарија вели дека ЕУ нема право да се меша во нејзините внатрешни работи, како и каде да набавува гас – рече таа за телевизијата „НТА“.

Пратеничката смета дека ништо не ја спречува Австрија да потпише слични договори со голем број филијали на „Гаспром“, пријателска Србија и Германија. Како резултат на тоа, Русија ќе склучи договори за гас со речиси сите земји на ЕУ, оцени Федина.

– Благодарение на овие договори и претстојното пуштање во употреба на „Северен тек 2“, Москва не влече не само на гасна игла, туку ја влече цела Европа на гасен хероин – изјави пратеничката.

Претходно, Унгарија потпиша нов долгорочен договор со „Гаспром“ за снабдување со гас, заобиколувајќи ја Украина. Документот беше поддржан од челниците на „Гаспром“ и енергетската компанија „МВМ“ во Министерството за надворешни работи на Унгарија. Пред склучувањето на договорот, Киев рече дека е разочаран поради тоа и вети дека ќе се обрати до Европската комисија со цел да ја процени усогласеноста на договорот со европското законодавство во областа на енергетиката.

Во таа насока, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков посочи дека Русија нема намера да користи гас како притисок врз другите земји, конкретно врз Украина.

Слични содржини