Украинското министерство за обнова денеска соопшти дека Русија практично престанала да го применува Договорот за извоз на жито преку Црното Море со тоа што одбива да ги регистрира бродовите кои доаѓаат.
„Руската Федерација уште еднаш практично ја запре Иницијативата за жито со одбивање да ги регистрира влезните бродови и да изврши свои инспекции. Овој пристап е спротивен на сегашниот договор“, соопшти Министерството, пренесе „Ројтерс“.
Русија претходно посочи дека нема да дозволи продолжување на Договорот за житарки, кој истекува на 18 мај, а како причина го наведе тоа што рускиот дел од договорот за извоз на руски жита и вештачки ѓубрива не е исполнет.