Украина: Русија продолжува со офанзивата на исток и нападите врз Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили ги продолжуваат офанзивните операции во источната оперативна зона, чија цел е воспоставување целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк и Луганск и задржување на копнениот коридор меѓу нив и Крим.

Генералштабот на Украина наведува дека руските сили продолжуваат да ги блокираат украинските единици во зоната на фабриката Азовстал во Мариупол и дека тие извршиле напади со цел да ја преземат контролата врз фабриката, пренесува „Укринформ“.

Руските сили продолжуваат со гранатирање на населените места во близина на Харков.

Слични содржини