232
Заменик-командантот на Азовскиот полк, Свјатослав Калина Паламар, изјави денеска дека Русија продолжила со интензивното гранатирање на „Азовстал“ во Мариупол и додаде дека не може да потврди дека сите цивили ја напуштиле фабриката за челик во тој град.
На онлајн прес-конференција, Паламар рече дека руските сили се обидуваат да ја освојат фабриката за челик Азовстал, но дека тие „ќе продолжат да се борат додека се живи“, пренесува „Ројтерс“.
Тој наведува дека во тој полк има многу ранети за кои побарал евакуација.