Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, денеска на прес-конференција ги објави деталите за насилниот руски ракетен напад утринава врз Украина.
Тој рече дека руските сили истрелале 60 проектили на цели шитум Украина.
Тој наведува дека ракетите биле лансирани од стратешки бомбардер Ту-95 и дека се работи за ракети Кх-555 и Кх-101.
„Во нападот учествуваше и руската Црноморска флота со лансирање на ракети „Калибр“, а во нападот беа лансирани и ракетите С-300 и Х-22 истрелани од бомбардери Ту-22М3.
На небото биле забележани и руски авиони МиГ-31К, рече Ихнат, додавајќи дека окупаторите „за првпат користеле стратешки бомбардери Ту-95 од областа Енгелс, каде што се наоѓаат овие авиони“. Освен тоа, снимивме и лансирања од северот на Каспиското Море“, рекол Ихнат.
Енгелс е воздухопловна база во Русија за која Москва тврди дека била цел на беспилотни летала лансирани од Украина пред десет дена.
Ту-95 (Туполев Ту-95) е советски стратешки бомбардер.
Тој е еден од најуспешните стратешки бомбардери на поранешниот СССР, а се уште се користи во руската армија.
Авионот Ту-95 е стратешки бомбардер од целосно метална конструкција, главно направен од легури на алуминиум, како и легури на магнезиум и челик.
Авионот има четири турбо-мотори сместени на крилата. Турбопроп-моторите Кузњецов НК-12М беа опремени со диференцијален менувач, што овозможи поставување на два пропелери со спротивна насока на ротација, што, покрај аеродинамичките својства на авионот, му овозможи на авионот Ту-95 да достигне максимум брзина од 920 km/h. Секој пропелер има четири метални перки со променлив чекор.
Ту-95 е најбрзиот авион со ваков тип на погон во светот.