Во денешното руско гранатирање на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош во градот Орихив на југоистокот на Украина, еден доброволец загина, а две жени се ранети, изјави гувернерот на областа Запорожје, Олександар Старук.
Старух не даде повеќе детали за нападот на Орихив, град кој се наоѓа на околу 110 километри источно од нуклеарната централа Запорожје, која беше гранатирана во последните неколку дена, пренесува „Ројтерс“.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа во која беше оштетена зградата за складирање радиоактивен отпад.
„Руските терористи ги гранатираат хуманитарните испораки, продолжувајќи со нуклеарната уцена. Лоша тактика на воените губитници. На секоја таква акција ќе одговори украинска контра акција“, напиша Андриј Јермак, шеф на претседателскиот кабинет на својот канал на Телеграм.