Градоначалникот на западниот украински град Лавов, Андреј Садовoj изјави дека руската армија утринава извршила пет ракетни напади врз тој град.
Садовој изјавил дека надлежните служби излегле на местата на нападот и дека деталите ќе се знаат подоцна, пренесe Украинска правда.
Би-би-си јавува дека од местото на експлозијата се издига густ црн и сив чад, а новинар на медиумотјавува дека видел проектил во лет.
„Алармот за воздушен напад се огласи околу 45 минути пред експлозијата. Сепак, сирените се вообичаени во Лавов – многу луѓе сè уште беа на улиците, а ние бевме во ресторанот на хотелот на последниот кат кога видовме облаци од чад во далечина. “ рече тој.