Украина: Руските сили водат офанзивни операции во три правци

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Руските сили спроведуваат офанзивни операции во правец на Бахмут, Авдиевка и Новопавливка, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во текот на изминатиот ден руските сили извршија четири ракетни и 24 воздушни напади, како и повеќе од 55 напади со повеќецевни ракетни системи, пренесува „Укринформ“.

Областите на 30 населени места на регионите Запорожје, Доњецк, Луганск, Николаев, Суми и Херсон вчера беа нападнати од руските сили, додава агенцијата „Укринформ“.