Украина: Руските трупи го прекршија примирјето во Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Украинските власти во Мариупол денеска ја обвинија Русија за прекршување на примирјето во градската фабрика за челик Азовстал, кога еден украински војник бил убиен, а неколкумина биле ранети.

Градските власти соопштија дека руските сили пукале во автомобил вклучен во евакуацијата од фабриката за челик, при што загинал еден украински војник, а шестмина се ранети, објави „Ројтерс“.

Русија не ја коментираше оваа објава на градскиот совет на Мариупол на Интернет, наведува британската агенција.

Слични содржини