Украина се подготвува за рестрикции на струја

од Nikola Popovski
149 прегледи

Почнувајќи од утре, Украина ќе започне со ограничување на испораката на електрична енергија низ целата земја, откако Русија погоди голем број електрани, изјави денеска Кирило Тимошенко, заменик началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Од 7:00 до 23:00 часот, неопходно е да се минимизира употребата на електрична енергија… ако тоа не се направи, треба да се подготвите за привремени прекини на електричната енергија“, навел Тимошенко на Телеграм, пренесе Ројтерс.

Началничката на Ивано-Франковската област на западот на Украина, Свитлана Онишчук, претходно денеска изјави дека руските сили ја погодиле термоцентралата во градот Бурштин.