Фудбалската федерација на Украина денеска и се заблагодари на Европската фудбалска унија (УЕФА) што се откажа од намерата да ги врати руските тимови до 17 години во нивните натпреварувања.
„УЕФА нема да дозволи руските тимови до 17 години да се натпреваруваат. Им благодариме на нашите европски партнери за поддршката на Украина“, соопшти Украинската федерација.
УЕФА се откажа од плановите да ги врати младинските селекции на Русија во своите натпреварувања, откако голем број членови на организацијата се спротивставија на играње со Русија на кое било ниво.
„Не е можно да се најде техничко решение кое ќе им овозможи на руските тимови да играат“, изјави портпаролот на УЕФА за АФП.
Засега не се знае каков ќе биде ставот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), бидејќи и светската куќа на фудбалот минатата недела ја укина забраната за руските репрезентации до 17 години.