Украина: Се зголемува притисокот на руските трупи кон Славјанск

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Украинската армија денеска соопшти дека спречила големо напредување на руските трупи кон северот на Доњецк, но дека притисокот се зголемува со силно гранатирање на градот Славјанск и блиските населени места.

Во соопштението се вели дека руските сили бомбардираат неколку украински градови со тешко вооружување, за да ѝ овозможат на пешадијата да напредува кон југ и да се приближи до Славјанск, пишува „Гардијан“.

Руските сили имаа за цел да заземат два града на патот кон градот Краматорск, јужно од Славјанск, а исто така се обидоа да ја преземат контролата врз главниот автопат што ги поврзува Луганск и регионот Доњецк.

Слични содржини