267
Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, на југот на Украина, кој е под контрола на руските сили, објави членот на главниот совет на воено-цивилната управа на областа Запорожје, Владимир Рогов.
Тој напиша на Телеграм дека центарот на градот е исполнет со облаци од црн чад, но не наведе дали има повредени и што ја предизвикало експлозијата.
Членот на главниот совет на воено-цивилната управа на регионот Запорожје оцени дека експлозијата е терористички напад, а според неговото тврдење одговорен за тоа е Киев.