Украина синоќа уништила пет беспилотни летала Шахед лансирани од Русија

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Украинската воздушна одбрана ги уништи сите пет нападни беспилотни летала Шахед-136/131 со кои руските сили синоќа ја нападнаа Украина од југоисток, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Покрај тоа, украинската воздушна одбрана уништила девет руски извидувачки беспилотни летала во текот на изминатиот ден, пренесува Интерфакс Украина.