Украина со дронови нападна руски град на 1.300 километри од нејзината граница

Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено ги откажа летовите од и до аеродромот во Ижевск.

од desk2
18 прегледи

Серија напади со дронови врз цели во Русија и на Крим извршиле украинските сили во текот на ноќта, известија руските медиуми.

Меѓу нападнатите места е и рускиот град Ижевск, кој се наоѓа на 1.300 километри од украинската граница.

Жителите на Ижевск пријавиле експлозии рано утрово, а локалните власти потврдиле напад од дрон врз еден објект во градот, односно на фабрика. Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено ги откажа летовите од и до аеродромот во Ижевск.

 

Руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта нивната противвоздушна одбрана соборила 60 украински дронови во неколку региони. Од нив 17 се соборени во Крим, 16 во Ростовската област, 11 над Азовското Море, а останатите во Курската, Саратовската, Белгородската, Вороњешката и Орјолската област.

На Крим, според написи на локални канали на Телеграм, имало експлозии кај Курортноје, каде наводно има руски системи за противвоздушна одбрана С-300 и С-400 и радарска станица, но и во градовите Керч и Феодосија.

Украина официјално не презеде одговорност за нападите.