Украина соопшти дека нејзиното воздухопловство соборило 15 руски беспилотни летала

од Radmila Tasevska
158 прегледи

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 15 руски дронови Шахед од иранско производство за време на ноќниот напад.

„Руските сили нападнаа од север со беспилотни летала Шахед-136/131. Вкупно 17 беспилотни летала беа лансирани од областа Курск“, објавија украинските сили на Телеграм.

Се додава дека воздушната одбрана е активирана во северните, како и во централните и западните региони.

Двете страни во конфликтот неодамна пријавија упад на беспилотни летала од воздух и море, додека Украина води контраофанзива чија цел е да ја врати територијата што ја окупираше Русија.