Украина тврди: 3.500 руски војници се убиени, 200 заробени

од Nikola Popovski
437 прегледи

Руската инвазија на Украина влезе во третиот ден. Украинската армија тврди дека досега се убиени дури 3.500 руски војници, објавено е на нивната Фејсбук страница.

Украинската армија исто така тврди дека досега заробила речиси 200 војници. Oд таму додаваат дека Русија загубила 14 авиони, 8 хеликоптери и 102 тенкови, јавува Би-Би-Си.

Русија засега не признава дека има жртви меѓу нејзините војници.

Украинскиот претседател Зеленски утринава објави видео од центарот на Киев. Тој истакна дека се уште е во Киев и дека нема да го положи оружјето, туку ќе ја брани својата земја. Утрово пристигна информација дека Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, но тој одбил.

Вчера Путин ја повика украинската армија да го собори нејзиното раководство, кое го нарече „банда наркомани и неонацисти“. НАТО најави дека ќе распореди дополнителни војници во источноевропските земји. Вчера ЕУ воведе санкции за Владимир Путин и Сергеј Лавров, а нов пакет санкции воведоа и САД и Велика Британија.

Слични содржини