36
Украинската војска објави дека нејзините воздухопловни сили изминатите неколку дена извршиле напад врз воено индустриски објект во руската област Ростов, пишува Гардијан.
Објектот во градот Каменск-Шахтински се користел за производство на цврсто гориво за балистички ракети што се користат во руските напади врз Украина, соопшти украинската војска. Не е наведен датумот на нападот, ниту е наведено каква штета е причинета.
Нападот доаѓа еден ден откако Русија изврши голем напад врз украинскиот енергетски систем на Украина, поради што, наводно, половина милион луѓе во Харков останаа без греење и предизвикаа прекини на струја во Киев и други делови од земјата.